slon-3 Почитувани родители, драги соработници, ценети пријатели,

333333

22222

 

 

 

 

 

 

И во време на глобална здравствена криза, напорно и посветено работевме Bebelan млечната формула да ја задржиме на самиот светски врв во индустријата на адаптираното млеко.

Горди сме што сме меѓу првите, а по некои клучни параметри – и први на пазарот, во спроведувањето на новата ригорозна европска регулатива и со иновации поврзани со составот на млечните формули за деца – млекото за доенчиња и преодното млеко.

 

Новите формули Bebelan Lacta ALIMENTA 1, од400 g. (0 – 6 месеци) и Bebelan Lacta ALIMENTA 2, од 400 g. (6 – 12 месеци), во потполност ја исполнуваат новата интегрирана европска регулатива – Regulation (EU) 2016/127, (http://extwprlegs1.fao.org/docs/pdf/eur151710.pdf), која влезе во сила на 22 февруари, 2020 година.

Првата промена ја следи новата регулатива поврзана со употребата на двојна концентрација на DHA Omega 3 масна киселина. Соодносот помеѓу Omega 3 и Omega 6 (DHA : ARA) кај нас во Bebelan и понатаму останува 1:1 – што  практично значи двојно зголемена концентрација и на Omega 6.

Втората промена е употребата исклучиво на лактозата во млечните формули, односно сите формули во адаптираните млечни формули 1 (за новороденчиња од 0 до 6 месеци) и 2 (за деца од 6 до 12 месеци) ќе треба да содржат само лактоза.

Меѓутоа, ние одиме и чекор понапред, со уште една промена, којашто ги следи реакциите на потрошувачите на евопскиот пазар на употребата на палминовото масло во млечните формули! Со задоволство можеме да Ве известиме дека ние во Bebelan ја имаме првата адаптирана формула на европскиот пазар која целосно го заменува палминовото масло – не со друго масло, туку со млечна маст. За сега, нашата млечна формула е единствена на пазарот во која палминовото масло е заменето со чиста млечна маст! И тоа нè прави особено горди!

Со промените, формулите Bebelan Lacta ALIMENTA 1 и 2, како и до сега, ќе бидат произведувани по највисоките производствени стандарди во млечната индустрија – од страна на Hochdorf Nutritec AG во Швајцарија во една од најмодерните фабрики за производство во светот, кадешто исклучиво се користи свежо швајцарско млеко, секојдневно доставувано од внимателно избрани и строго контролирани швајцарски краварски фарми. Годинава, Hochdorf Nutritec AG слави голем јубилеј – 125 години постоење и исто толкав период продукција на швајцарски квалитет. Целото тоа искуство и знаење се содржи во нашата Bebelan млечна формула.

Bebelan се комплетни премиум балансирани млека за доенчиња, произведени исклучиво од швајцарско млеко. Промената во млечната формула на вклучува:

  • Употреба на двојни концентрации на Omega 3 масни киселини, а соодносот на Omega 3 и Omega 6 е 1:1
  • Содржи исклучиво лактоза (важи за Bebelan Lacta ALIMENTA 1 и 2)
  • Прва и, за сега, единствена адаптирана формула на пазарот со промена на составот на мастите – палминовото масло е целосно заменето со млечна маст
  • Намалено количество на протеини
  • Намалување на енергетската вредност
  • Без соев лецитин
  • Корегирање во составот на микронутриентите

 

Bebelan Lacta ALIMENTA 1 и Bebelan Lacta ALIMENTA 2 ги содржат сите неопходни хранливи состојки за оптимален физички и нервно-психички развој на доенчињата, со галакто-олигозахариди (GOS), со зголемена концентрација на DHA, нуклеотиди и други биолошки-активни состојки. *

  • Bebelan Lacta ALIMENTA 1– млеко за доенчиња од моментот на раѓањето, коишто имаат потреба од дохрана или не можат да се дојат.
  • Bebelan Lacta ALIMENTA 2– последователно млеко за здрави доенчиња после 6-тиот месец, коишто имаат потреба од дохрана или не се на доење, како дел од разнообразната исхрана.

Новина има и во изгледот на пакувањата / лименките за Bebelan Lacta ALIMENTA 1 и Bebelan Lacta ALIMENTA 2. Но, тоа не е само дизајнерска промена, туку има и практична и функционална придобивка. Капачето на пакувањето служи и како “самостоен контејнер” за лажичката, односно, во него има посебни штипки за закачување на лажичката. Целта е да се заштити и да се избегне директен контакт на лажичката со содржината во лименката

На домашниот македонски пазар, Bebelan Lacta ALIMENTA 1 и Bebelan Lacta ALIMENTA 2 се достапни од 01 април, 2020 година.

* Мајчиното млеко е незаменлив и најдобар избор за доенчињата! 

BEBELAN Lacta ALIMENTA 1 и BEBELAN Lacta ALIMENTA 2 пакување:

22222 333333

За какви било прашања или дополнителни информации, слободно контактирајте нè на е-маил: office@strimontiver.mk или на телефонскиот број 078345316.

 Со почит,

Тимот на СТРИМОН ТИВЕР