
Гарантирано швајцарско млеко
BEBELAN LACTA е високо квалитетна, комплексна и комплетна млечна формула, произведена од Hochdorf Nutritec AG во Швајцарија, во една од најмодерните и најсофистицираните фабрики во светот.
BEBELAN LACTA е целосно и исклучиво направено од свежо швајцарско млеко, секојдневно доставувано од внимателно избрани и строго контролирани швајцарски краварски фарми.
BEBELAN LACTA е Премиум класа млечна формула и ги содржи сите основни состојки, неопходни за обезбедување на здрав раст и развој на детето.
Омега 3 и 6 масни киселини ALA, LA, DHA и ARA – незаменливи и долговерижни масни киселини за нормален развој на мозокот, видот и нервниот систем.
5 вида Нуклеотиди – за засилување на имуниот систем и регулирање на метаболизмот.
Пребиотици (GOS) – за одржување на балансот на цревната флора и регулирање на стомачно-цревниот тракт.
Инозитол, холин и таурин – го потпомагаат развојот на мозокот, умствениот и интелектуалниот развој.
Селен – дејствува како антиоксиданс во телото, заштитувајќи ги клеточните мембрани.
И други важни хранливи елементи како – Калциум и витамин D, Цинк, Железо, 26 основни витамини и минерали и Протеини со висок квалитет и препорачано количество.
BEBELAN LACTA не содржи сахариди, затоа што се грижи за здравиот развој на забите на детето.
Производите во палетата на BEBELAN LACTA се:
BEBELAN LACTA 1 млеко за доенчиња од 0-6 месеци BEBELAN LACTA 2 преодно млеко за бебиња од 6-12 месеци BEBELAN LACTA 3 млеко за мали деца од 1-3 години
- DHA и ARA се долговерижни полинезаситени масни киселини, дел од познатите како Омега 3 и Омега 6 масни киселини. Тие се наоѓаат во мајчинотo млеко, но не се составен дел од кравјото млеко и затоа е неопходно да се додадат кон храната за бебиња и мали деца кои не се доени. Масните киселини се од основно значење за правилниот развој и функционирање на мозокот и видот на децата. Тие добиваат посебна важност во првите три години од животот на човекот, бидејќи тоа е време на интензивен раст на мозокот. Знаете ли, дека мозокот на човекот се состои од околу 50-60% масти, од кои 40% од него е DHA и ARA. Околу 50% од ретината на бебето исто така е DHA. Еве зошто е толку важно овие елементи да се присутни во доволно количество во храната на секое бебе и мало дете.
- Нуклеотидите се органски молекули кои се неопходни за образувањето, делењето на клетките во човечкиот организам и се наоѓаат во ДНК. Тие се незаменливи, затоа што на телото му треба толку многу енергија за да ги произведе, колку што тоа самото не може да си обезбеди. Еве зошто е навистина неопходно да бидат додадени кон храната на деца, кои што не се доени.
- Пребиотиците (GOS) – галактоолигосахаридите, се оние незаменливи хранливи фибри, кои што го потхрануваат и го стимулираат растот на „добрите бактерии“ во цревата. Тие помагаат за подобро варење и ги намалуваат случаите на пролив и запек.