slon 3 Како, Кога и Што – за дохраната?

Как, Кога и Какво – за захранването? Дали е готово Вашето бебе за дохрана со цврста храна? Новите проучувања покажуваат, дека најдобрата можност за воведувања на такви видови на храна е меѓу 4 и 6 месечна возраст. Се разбира не порано, но исто така да не биде и многу покасно.

Треба да ги следите знаците на однесување на Вашето бебе, за да определите дали тоа а спремно да прима цврста храна и секогаш косултирајте се со Вашиот педијатар, пред секоја значајна промена во диетата на Вашето бебе.

Еве неколку основни етапи од развојот, кои ќе ви помогнат да познаете кога да започнете да разговарате со Вашиот педијатар за дохрана со цврста храна:

  • Бебето е во сотојба да седи и/или да ја држи главата стабилно
  • Може да ја голта храната. Бебињата кои се уште не се готови, ќе ја плукнат назад храната, така што ќе имаат повеќе храна по лицето отколку во устата.
  • Бебето пројавува интерес кон јадењето преку јазикот на телото. Например, се наведнува напред и Ве гледа кога јадете нешто, или јасно прави движење кои покажуваат интерес кон Вашата храна.
  • Бебето изгледа гладно, дури и откако ќе биде надоено или пиело млечна формула. Често тоа започнува да се случува откако бебето ќе достигне 6 килограми, или ќе ја дуплира својата тежина при раѓањето, но во некои случаи тоа би можело да се случи по навршувањето на три месеци.
  • Можете да забележите, дека бебето може да се загледува во она, кое што го јадете-разнобојната храна е од клучно значење за оваа етапа.

Да започнеме со тоа, колку за вашето бебе е помалку важно самата исхрана со цврста храна, отколку навикнувањето со самата идеја за исхрана. Тие се уште ќе ги набавуваат повеќето од неопходните хранливите материи од мајчиното млеко или од млечната формула. Бебињата немаат потреба од три основни оброци на ден.

Постепено, и под раководство на Вашиот педијатар, Вие ќе можете да го зголемите количеството и разнообразноста на храната која ја прима Вашето бебе, додека да стигне до етапа во која ќе може да го јаде истото како останатиот дел од семејството, но во помали порции.

Зошто раното напојување може да биде ризично

Како европската така и северно американската Асоцијација за педијатриска гастроентерологија, хепатологија и исхрана (ESPGHAN и NASPGHAN) посочуваат, дека посакуваната цел е исклучително доење во тек на 6 месеци, а исто така и дека дополнителната храна (цврста храна и течности, поразлични од подој или млеко за доенчиња) не треба да се даваат пред 17. недела и не покасно од 26. недела. Тоа е така, затоа што бебињата не се спремни за цврста храна пред тоа. Има неколку причини за тоа:

  • Варењето на храната:: Бебињата под 4 месеци сеуште не можат да ги „створат“ сите ензими, неопходни за примање на храна од различни видови.
  • Координација:: Бебето треба да биде во сотојба да ја држи главата стабилно и да га голта храната. Бебињата под таа возраст обично ја немаат развиено таа поза и координација.

Ризици од заболување и алергии

Ако бебето се дохранува со цврста храна премногу рано, тоа може да биде изложено на голем ризик од:

  • Респираторни заболувања, целијачна болест и отежнато дишење- Дури и ако решите да го дохранувате бебето пред да наполни шест месеци, пред да наполни 6 месеци не треба да воведувате храна која содржи пченица (глутен)
  • Развој на алергии – кога започнувате со дохрана на Вашето бебе направете план за етапно воведување на различните видови на храна. Започнете со еднокомпонентни видови и постепено додавајте разнообразност, откако ќе се уверите, дека сте во состојба да го идентификувате секој извор на алергии, доколку Вашето дете има реакција кон некој вид на храна.
  • Преголема тежина – воведувањето на цврста храна премногу рано во животот на бебето, посебно храна која содржи протеин и високо количество на маснотии, е поврзано со повишен процент на телесни маснотии. А замастување во рана детска возраст се поврзува и со замастување во зрела возраст и зголемен ризик од метаболитен синдром подоцна во животот.

Зошто од четири до шест месеци е вистинското време за дохранување

Кога бебето е меѓу 4 и 6 месеци, железото „складирано“ во телото при раѓањето завршува – и тие имаат потреба да набават ново железо од храната. Бебето исто така треба да пие се повеќе и повеќе млеко за да може да одговори на зголемената потреба – цврстата храна е поконценртирана.

Исто така и во однос на координацијата и движењата Вашето бебе е поверојатно да биде спремно.

  • Долната вилица и јазик на бебето се доволно „разработени“ за да се справат со јадењето и голтањето на храна – кое ќе помогне процесот да биде помалку валкан :)
  • Процесот на работа со храна го помага развојот на устата и јазикот на бебето. А плус тоа на повеќето бебиња на таа возраст почнуваат да им растат првите млечни забчиња.