slon 3Митови и факти за бебешката храна

Митове и факти за бебешката храна Како нова мајка, Вие сте затрупана од сите страни со совети за тоа како и со што да го храните Вашето бебе. Информацијата може да дојде од добронамерни членови на семејството но и дури од тотално непознати луѓе од улицата. Додека некои совети се поддржани со логика и здрав разум, други може едноставно да ве остават збунета. Овде ќе разгледаме некои од нејчесто среќаваните, со цел да ви помогне да ги разликувате фактите од измислиците.

Ако имате мали гради, нема да можете да произведете доволно млеко за да го храните Вашето бебе.

ЗАБЛУДА: Големината нема никакво значење!
Ткивото на градата неопходно за да цица бебето се зголемува во процесот на бременоста, независно од големината на градите. Тоа е во така нареченото функционално ткиво каде што се распоредени млечните канали, а не во масното ткиво, кое е одговорно за големината на градите. Така треба да бидете сигурни, дека независно од тоа дали сте А или D размер, Вашите гради се способни да му обезбедат доволно млеко на Вашето бебе.

Треба да се пие пиво или боза, за да го зголемите „производството“ на млеко

ЗАБЛУДА: Според специјалистите, конзумирањето на пиво или боза нема никаква врска со количеството на излаченото млеко. Поскоро тие им советуваат на доилките воопшто да не конзумираат алкохол, од време на време е можно и не претставува проблем пиењето на еден пијалок но после доење, бидејки алкохолот слободно преминува во мајчиното млеко. Кога има алкохол во млекото, бебињата не пијат многу од мајчиното млеко, бидејки не им се допаѓа вкусот. Два до три часа после пиењето на пијалокот не останува никаква трага од алкохолот во млекото. Најдобриот начин за зголемување на „производството“ на мајчино млеко е со зголемување на времето во кое млекото излегува од градата било преку хранење на бебето или преку одмолзување со пумпа.

Треба да се јаде само незачинета храна додека доите.

Можеби да, а можеби не..
За времето, за кое што храната, која ја јадеме се свари и се искористи за создавање на мајчино млеко, потенцијално растројувачките елементи и состојки се разградени од телото и воопшто не би требало да му влијаат на Вашето бебе. Со други зборови, ако ви се јаде зелка или брокула, малку е веројатно, вашето бебе да добие гасови од истите. И ако се оддадете на некои зачинети сосови, вашето бебе веројатно нема да се откаже да цица. Сепак има некои видови на храна кои откако ќе проминат во мајчиното млеко водат до растроен стомак кај некои бебиња.
Многу мајки кои дојат го користат методот „пробај и набљудивај“. Не го менувајте вашиот начин на исхрана и набљудувајте дали бебето ќе има проблеми. Ако изгледа неспокојно, откако јадете определен вид на храна, експериментирајте и променете ја вашата диета. 

Вежбите ќе го направат вашето мајчино млеко – кисело

ЗАБЛУДА: Не, доколку тоа се однесува на Вашето бебе..
Општо мислење е дека вежбањето произведува високо ниво на млечна киселина во мајчиното млеко, која му придава непријатен вкус. Но, последните испитување покажуваат, дека бебињта не забележуваат никаква разлика.
И што и да правите, немојте да го подигнувате нагоре вашиот стегнат спортски прслук за да доите. Стегнатата ластика може да доведе до запушување на каналите.

Ќе бидете гладни кога доите

ТОЧНО: Доењето согорува дополнителни 500-600 калории на ден. Очигледната позитивна страна е, дека ќе ги загубите несаканите маснотии побрзо отколку ако бебето се храни со млечна формула од шише. Недостатокот е што секогаш сте гладни. Сега за сега продолжете со нормалниот режим. Јадете три здрави оброци на ден, а ако сте гладни меѓу нив (а ќе бидете!) дополнувајте со хранливи здрави оброци како овошје, сирење, кисело млеко, мусли, полнозрнест тост, исто така пијте многу течности (особено вода и обезмастено млеко).

Доеното бебе нема да спие навечер, додека не почне да јаде цврста храна.

ЗАБЛУДА: Вашето бебе ќе спие ноќе, кога за тоа ќе биде спремно.
И тоа зависи од низа фактори, како големината на бебето, неговиот карактер и навиките за сон. Доените бебиња се хранат почесто, отколку бебињата хранети со млечна формула, особено во првите месеци, затоа што мајчиното млеко се вари побрзо од формулата за доенчиња.

Млечната формула ги прави празнењата на бебето потемни и миризливи

ТОЧНО: Ако споредите што има во пелените на доеното бебе и бебе хрането со млечна формула – секако дека ќе видите некои разлики.Обично изметот после млечна формула мириса посилно и е потемен по боја, и е потврд од изметот по доење. Но секое бебе е различно, па така е и со нивното празнење. Различните мириси и бои воопшто не се повод за страв. Изборот на млечна формула, збогатена со пребиотски фибри (GOS) помага за поттикнување на меки и чести празнења. Единствените две бои кои не се добри се црвено и црно, бидејки тие се индикација за крварење на цревниот тракт – во таков случај веднаш треба да јавите кај Вашиот педијатар.

Давањето на овошје како прва цврста храна ќе направи Вашето бебе да сака повеќе слатка храна

ЗАБЛУДА: Значењето на редот по кој се внесува цврста храна не е заснован на солидни докази. Многу често принципот на воведување е поврзан со културни или регионални сваќања или едноставно она кое му одговара на секое посебно семејство.


Јани Ведер, диетолог во Hochdorf Nutritec AG – Швацарија, вели дека е важно да даваме само по еден тип на храна наеднаш и да дадеме определено време до давањето на друг тип, исто така да му предлагаме голема разнообразност од различни нешта. „Ако бебето има реакција кон одреден тил на храна, можете да ја отстраните, пред да започнете да давате следен тип на храна“, вели таа. „Изгледа, дека поголемата разнообразност, која ја предлагаме, ги прави децата поголеми конзуматори кога ќе пораснат“.
Понекогаш се наложува да предложите определен тип на храна многу пати (понекогаш над 10 пати) додека Вашето дете да почне да ја прима – затоа не се откажувајте брзо.

Како препорака на шест месеци се дава прво само каша од ориз заради железото кое го содржи, потоа овошје и зеленчук, додека воведувањето на месо е од околу седмиот месец.


Ве молиме редовно да го проверувате нашиот оддел „Митови и факти за бебешка храна“ за да откривате нови, актуелни, интересни и полезни приказни. Очекувајте повеќе наскоро…… 

Ако Ви се допаѓа оваа статија, и мислите дека и некој друг може да има корист од информацијата во неа, Ве молиме да ја споделите со кликнување овде.

Ако имате прашања, не кои не одговара оваа статија, или ако сакате дополнително објаснување на некои од овие точки, не се колебајте да ни испратите прашање со кликнување овде, или едноставно поставете ги Вашите прашања во рубриката „Прашајте ја Јани“ – нашиот специјалист диетолог.