slon 3Каква храна не треба да му давате на Вашето бебе, ако тоа е помало од една година?

Какви храни не трябва да давате на бебето си, ако то е под една година?

  • Сол: Бубрезите на бебето сеуште не можат да се справат со преработката на сол.
  • Мед: Вашето бебе не треба да прима мед под една година, освен ако не е специјално направен за бебиња.
  • Шеќер
  • Цели јатки: поради опасност од давење.
  • Некои видови на риби: Иако рибата е прекрасен извор на Омега-3 (DHA), која има клучно значење за развојот на мозокот и очите, некои видови риби можат да содржат траги од жива.
  • Црн чај или кафе: Танинот во црниот чај и кофеинот во кафето му пречат на бебето правилно да го прима железото од храната.
  • Храна со ниска содржина на маснотии: Секогаш на Вашето бебе нудете му ги полномасните верзии. Да не дојде до недоразбирање со етикетите на млеката за доенчиња, во кои се споменува дека користат обезмастено млеко. Кон млечната формула за Вашето бебе се додаваат други масти за да се промени профилот на мастите во млекото, со што се прави побогато со Омега 3 и 6 масни киселини, така што станува поблиско на мајчиното млеко.
  • Храна, која може да претставува ризик од тровење: како меки мувлосани и зрели сирења (Бри, Камембер), паштета од црн дроб, како и ровко сварени или сурови јајца.
  • Немодифицирано кравјо (или козјо или овчо) млеко: како основен пијалок под една година. Немодифицираното млеко од сите животни може да доведе до крварење во цревата поради високата содржина на протеини, минерали и сол!