slon 3 Што да барате при изборот на млечна формула?

Какво да търсите при избора на млечна формула?За родителите изборот на млечна формула е една од најтешките и најобесхрабрувачки задачи.

Многу е лесно човек да се збуни и да се загуби, додека ги чита сите научни термини, како и разнообразноста од марки, кои се обидуваат да се претстават себеси како „најдобриот избор“. Се ова може да ја отежне проценката што навистина е важно, а што од сето тоа е само маркетинг трик.

Информациите на интернет форумите и советите на пријателите понекогаш наместо да помогнат, уште повеќе го отежнуваат изборот.
Како можам да знам дали овој човек што зборува знае за што зборува?
Дали луѓето можат да се доверат на неговото мислење?

Идејата на овој оддел од нашата страна е да ви даде можност да разберете кои состојки од млечната формула ја прават вистински избор, и каква улога има секоја од овие состојки / хранливи состојки. На тој начин ќе можете подобро да ги прочитате етикетите и да го направите својот сопствен, информиран, избор за тоа што е најдобро за Вашето дете.

Оваа статија се фокусира на состојки кои се препорачани од ESPAGHN (Европската Асоцијација за Педијатриска Гастроентерологија, Хепатологија и Исхрана) и се сметаат како опција во согласност со законодавството на Европската Унија. За прашања во однос на стандардните состојки, кои се задолжителни според регулативите на ЕУ и се наоѓаат во сите млечни формули, кои што се продаваат во Европа, немојте да се колебате да ги прашате нашиот специјалист диетолог во одделот „прашајте ја Јани“ – еден од водечките европски специјалисти во областа на детската исхрана.

Овде е важно да се напомене, дека доењето е секогаш првиот и најдобриот избор кога тоа е можно. И покрај напредокот на науката и фактот дека млечните формули се многу подобри од времето кога Вие сте биле бебиња, сепак тие не можат целосно да се споредат со мајчиното млеко од здрава мајка на добро балансирана лична диета. Исто така е неопходно да се земат во предвид и финансиските последици од изборот на млечна формула наместо доење.

Доколку сепак решите да користите млечна формула, ние препорачуваме да ја користите информацијата од оваа статија, за да разговарате со Вашиот педијатар пред да го направите својот конечен избор, бидејки тој може да додаде информации кои ќе бидат специфични за Вашето бебе, и кои што не се покриени со оваа статија.

1. Уверете се, дека сте ја провериле целата палета на производи од дадена марка.

Дури и ако во моментот се интересирате само за млеко за доенчиња од 0 до 6 месеци (млечна формула 1) многу е важно да се проверат етикетите на втората (од 6 до 12 месеци), и третата (од 1 до 3 години) етапа од млечните формули, и пред да го направите конечниот избор да се уверите, дека Вашето бебе ќе продолжи да ги добива клучните полезни состојки, откриени во мајчиното млеко, во секоја етапа од својот развој, бидејки нивните мали органи продолжуваат да растат и да се развиваат во првите месеци и години од нивниот живот.

За жал, многу марки на пазарот се склони да ја збогатуваат нивната прва млечна формула и таа да биде исполнета со сите важни состојки, но потоа постепено да намалуваат или исклучуваат некои од нив во етапите 2 и 3.

Причината за тоа е што главно детето обично започнува да јаде тврда храна по шестиот месец и претпоставката е, дека тие ќе ги добијат овие состојки од тврдата храна што ја јадат. Но оваа претпоставка е неправилна, бидејки бебињата секогаш не јадат тврда храна според стриктно разработен план на изхрана. До 3-годишна возраст Вашето бебе расте со неверојатна брзина, и секој ден има потреба од оптимална исхрана, за да се гарантира неговиот здрав развој. Многупати Вашето бебе нема да се храни многу добро поради различни причини, затоа што почнале да изникнуваат млечните заби, или можеби имаат вирус кој го добиле во градинка, или се опоравува од страничните ефекти од вакцината. Понекогаш причината е проста како на пример прескокнат оброк поради подолга од обичното попладневна дремка.

Постоењето на квалитетна и комплетна млечна формула, Ви ја осигурива таканаречената „сигурносна мрежа“ која гарантира, дека Вашето бебе добива се што е неопходно за негов правилен развој и раст.

2. Омега-3 и Омега-6 масни киселини

PUFAПрвото нешто кое што треба да го знаете е дека сите Омега 3 и Омега 6 масни киселини не се исти.

Некои масни киселини се PUFA (полинезаситени масни киселини, како на пример ALA и LA), други се LCPUFA (долго верижни полинезаситени масни киселини како DHA и ARA).

PUFA – полинезаситените масни киселини, ALA и LA, не можат да се создадат (синтезираат) од човечкото тело и треба да се примаат со храната, или во овој случај со млекото. Мајчиното млеко содржи ALA и LA.

LCPUFA – долговерижни полинезаститени масни киселини DHA и ARA се создаваат (синтезираат) во телото користејки ги PUFA – ALA и LA, кои ги добиваме од храната, или во случајот на Вашето бебе од млекото.

LCPUFA се основни хранливи материи кои имаат улога при образувањето на мозокот и очите. 60% од мозокот на Вашето бебе се состои од масти од кои 40% од него е LCPUFA DHA и ARA. 50% од ретината на бебето исто така е составена од DHA.

Omega 3И покрај тоа кај бебињата, поради брзото растење, нивните мали тела не можат толку брзо да „прават“ (синтезираат) LCPUFA онолку колку што имаат потреба. Еве зошто мајчиното млеко исто така ги содржи овие претходно формирани LCPUFA- долговерижни полинезаситени масни киселини DHA и ARA.

Истражувањата покажуваат, дека првите 3 години од животот имаат решавачко значење за развојот на мозокот на бебето. За време на овие години, обемот на мозокот на Вашето бебе се зголемува трипати и се гради основата за неговиот понатамошен развој.

Истражувањата покажуваат, дека кога една мајка прима DHA за време на бременоста и за време на доењето на нејзините деца, тие покажуваат повисоки резултати на тестовите за интелигенција во споредба со децата на оние мајки кои не земале дополнително DHA, дури и кога диетата им вклучува храна богата со DHA како риба и морски плодови.

Сите гореспоменати факти покажуваат, дека треба да се уверите во тоа дали млечната формула која ќе ја изберете ќе му ги осигури на Вашето бебе не само PUFA ALA и LA, но и исклучиво важните претходно создадени LCPUFA (DHA и ARA) и тоа за време на првите три години од животот на детето, а не само за време на првите шест месеци!

3. Нуклеотиди

НуклеотидиНуклеотидите се органски молекули, кои, кога се поврзани заедно, служат како елементи за градење на нашиот генетски материјал, ДНК.

Нуклеотидите се клучни за градењето на клетките и поделбата на клетките, исто така имаат важна улога во развојот на имуниот систем кај Вашето бебе, особено во делот, кој се занимава со резистентност на инфекции и правилна реакција од вакцини.

Мајчиното млеко содржи Нуклеотиди, бидејки во првите месеци и години од својот живот, додека Вашето бебе се развива со забрзано темпо, неговите внатрешни органи не можат да создадат (синтезираат) доволно брзо Нуклеотиди, за да се поттикне ова брзо темпо на растење.

Додека бебето расте и се вклопува со околината започнува создавањето на антитела и имуни клетки, неопходни за спротивставување на заболувањата. Во првите три години, настапуваат многу промени во околината на Вашето бебе и тоа се развива. Во првиот месец, тоа е најчесто дома, опкружено од своето семејство, но со напредување во растот тоа започнува да го поминува времето во паркот, да оди на роденденски забави, и на одредена возраст може да оди во градинка.

Изборот на млечна формула која има Нуклеотиди во сите три етапи (1,2 и 3) Ве уверува, дека Вашето бебе го има неоpходното „оружје“ со кое постојано ќе ја гради имуната заштита од која има потреба за да биде здраво и да се справува со сите предизвици на околината.

4. ПрЕбиотици, ПрОбиотици, Синбиотици и Бифидогенски Ефект

ПрЕбиотиците се несмеливи влакна (фибри), исто така познати како олигосахариди. „Олиго“ потекнува од грчкиот збор неколку или малку, и сахариди означува шеќер, и во суштина, тие се јаглехидрати, составени од неколку (помалку од 10) моно-сахаридни молекули, поврзани заедно во синџир, за разлика од скробот кој е полисахарид, изграден од многу меѓусебно поврзани моно-сахаридни молекули („поли“ е грчкиот збор за многу).

И покрај тоа што овие влакна или фибри не можат да бидат примени од луѓето, тие имаат дејство на храна за здравите бактерии, кои главно живеат во нашите дебели црева.

На етикетите на прехрамбените производи за бебиња и деца, тие најчесто се означени како GOS (Галактоолигосахариди) или FOS (Фруктоолигосахариди).

Мајчиното млеко содржи пребиотици во формата на GOS. Тие допринесуваат за одржување на нормалната функција на стомачно-цревниот тракт на Вашето бебе и осигуруваат меки и чести празнења, затоа што:

  • Ги хранат добрите бактерии во цревата на детето, и со тоа осигуруваат балансот на добрите против лошите бактерии секогаш да биде здрав. Овој процес е познат како Бифидогенски ефект и е многу важен за осигурување на меки и редовни празнења.
  • Како дополнување кон сложениот клеточен механизам, балансот на „добрите“ против „лошите“ бактерии ги спречуваат опортунистичките бактерии, кои нормално се среќаваат во цревата како дел од нормалната флора, да предизвикаат заболувања или поточно стомачни инфекции, кои предизвикуваат болки во стомакот, дијареа и повраќање.
  • Кога „добрите“ бактерии јадат GOS, тие произведуваат кратковерижни масни киселини (SCFA). Овие SCFA се важен извор на храна за клетките кои ја создаваат лигавицата на цревата и осигуруваат оваа важна заштитна бариера против загадувачи и штетни бактерии да остане силна и тешко пробивна. Овие градивни клетки исто така произведуваат антитела, кои се борат со инфекциите, пред истите да можат да поминат преку ѕидовите на цревата и да навлезат во крвотокот.
  • Како дополнување кон кратковеружните масни киселини (SCFA), добрата флора исто така ја привлекува слободната вода како резултат од јадењето на GOS. Оваа вода го навлажнува празнењето на детето и го прави пообемно и на тој начин допринесува за меките и редовни движења на дебелото црево.
  • GOS влакната (фибрите), исто така ја стимулираат и перисталтиката на тенките црева – важен фактор за редовните движења на дебелото црево и осигурување на меки празнења.

Со избирањето на формула со додаден GOS ќе му ги обезбедите на Вашето бебе бенефициите од „Бифидогенскиот ефект“ и ќе го намалите ризикот од запек и тврди празнења.

ПрОбиотици е другиот збор кој ги опишува „добрите“ бактерии во цревата. Пробиотиците јадат фибри или пребиотици.

Средно во човечките црева има 0,5-1 кг микроби, од кои повеќето се бактерии. Бактериите составуваат околу 60% од сувата маса на празнењата. Во цревата живеат над 500 различни видови, но 99% од бактериите се само од околу 30-40 вида.

„Добрите“ бактерии или пробитици се лактобацилите и бифидобактериите. И покрај тоа што некои научници објавиле дека нашле пробиотици во мајчиното млеко, сепак сеуште нема доволно научни докази кои би можеле да го поддржат ова тврдење како апсолутен факт. Повеќето направени проучувања се недоволни, а некои теории покажуваат, дека откриените бактерии во опитите доаѓаат од кожата на мајката за време на собирањето на млекото од градата со помош на пумпа за одмолзување, а не од самото млеко.

Додавањето на пробиотици во млечната формула помага за зголемување на бројот само на определени видови бактерии во цревата на Вашето бебе и го поттикнува бифидогенскиот ефект за одреден временски период. Некои истражувања претпоставуваат бенефиции, како на пример намалување на алергии и помалку стомачни инфекции. Сепак има сеуште многу малку докази, кои што претпоставуваат, дека тоа помага за поттикнување на меки и чести празнења.

Синбиотици се однесува на додавање на комбинација од неколку олигосахариди (на пример GOS и FOS) или комбинација од про и пребиотици на млечната формула.
Надежта е, дека овие комбинации ќе создадат синергичен ефект, кој ќе доведе до оптимизирање на Бифидогенскиот ефект. Сепак нема доволно докази, кои ќе претпостават, дека овие комбинации ќе осигурат некаква реална додадена вредност освен некакви интересни маркетинг тврдења.

5. Лактоза

Лактозата е млечниот шеќер и е основен избор на енергија во мајчиното млеко.

Како дополнување, дека ова е важна состојка, причината што овој важен шеќер е присутен на нашиот список е што многу марки се склони да ја заменуваат лактозата, делумно или целосно со малтодекстрин во нивните млечни формули за доенчиња (од 0-6 месеци – 1 етапа).

Малтодекстрин е полисахарид, направен од многу моно-сахаридни молекули, поврзани меѓусебе (поли е грчкиот збор за многу), и е произведен од нишесте.
Тој обично се користи во прехрамбената индустрија, бидејки лесно се мели, добро се абсорбира, умерено а сладок, нема мирис, така што има минимално влијание врз вкусот.

Малтодекстинот сам по себе не е лош.

И покрај тоа Европските регулативи ја определуваат млечната формула за доенчиња (од 0-6 месеци – 1 етапа) како алтернатива за мајчиното млеко за време на првите шест месеци од животот, кога повеќето бебиња исклучиво се хранат само со мајчино млеко. Додека втората и третата етапа од млечните формули соодветно преодните млека и млеката за мали деца се сметаат од законодавството како млечен додаток кон балансираната диета на бебето после шестиот месец.

Како алтернатива на мајчиното млеко, во првата етапа млечната формула треба да се доближи по состав кон мајчиното млеко колку што е можно повеќе, со цел да се осигури максимална полза за детето. Еве зошто повеќето педијатри ќе ви кажат, дека за претпочитање е формулата, која содржи 100% лактоза во првата етапа, а не со делумно или целосно додаден малтодекстрин.

6. Сахароза

За разлика од малтодекстринот, кој беше опишан во точка 6, сахарозата не е добра за Вас. Сахарозата може да причини гниење на забите, и кога се прима во почетокот на животот може да доведе до развивање на афинитет кон слатки производи, кои би можеле да доведат до проблеми со контролирање на тежината во подоцнежна етапа од животот.

Некои марки млечни формули додаваат сахароза и / или ванила или ароматизери кон млечната формула во третата етапа (над 1 година) со цел да ја направат попривлечна за малите деца над една година, кои веќе конзумираат тврда храна, и како резултат на тоа децата можат да бидат помалку привлечени од вкусот и пиењето на неутрално (незасладено или без додаден вкус) млеко. И покрај тоа што каузата е благородна (се обидува да осигури, дека малите деца редовно пијат млеко или млечна формула), сепак таа не го оправдува ризикот поврзан со употребата на сахароза.

Треба да се обидете да избегнувате млечни формули со додадена сахароза и ароматизери. Наместо тоа, ако Вашето дете повеќе не го сака млекото, обидете се да додадете какао (без шеќер), со што ќе го претворите млекото во здрав шејк, например со пресно овошје, или искористете го млекото за да направите зрнести оброци или мусли.

7. Таурин

Да, таурин! Истото нешто кое ќе го најдете во Red Bull или во други енергетски пијалоци! И можеби за повеќето е изненадувачко, но тауринот е откриен и во мајчиното млеко. Тоа е важна аминокиселина, тоа е вид на протеин и антиоксиданс, кој го штити мозокот од така наречените слободни радикали.

Исто како и многу други хранливи состојки во овој список, тауринот постои во мајчиното млеко и е добро да го има и во млечната формула, бидејки телото на бебето не може да произведе доволно од него, за да се справи со големата потреба, предизвикана од брзиот раст во почетокот на неговиот живот.

Се надеваме, дека оваа статија ќе Ви помогне да се чувствувате поудобно и поуверени, додека читате и ги споредувате етикетите на различните млечни формули, а исто така и при разгледувањето на можностите со Вашиот педијатар.

Ако Ви се допаѓа оваа статија, и мислите дека и некој друг може да има корист од информацијата во неа, Ве молиме да ја споделите со кликнување овде.

Ако имате прашања, не кои не одговара оваа статија, или ако сакате дополнително објаснување на некои од овие точки, не се колебајте да ни испратите прашање со кликнување овде, или едноставно поставете ги Вашите прашања во рубриката „Прашајте ја Јани“ – нашиот специјалист диетолог.