slon 3 За нас

 

Почитувани пријатели,

BEBELAN ® производите за деца кои што ги претставуваме пред Вас, се грижливо изработени и селектирани продукти за најмладите. Тие се производ на посветеност и експертско знаење, со над 100 годишно кумулативно искуство во сферата на грижата за децата и односот кон нивното здравје и здравиот развој.

Родителската грижа лежи во суштината на се што правиме. Вербата во важноста за одгледување на нови здрави поколенија и производството на висококвалитетни продукти со прифатлива цена, се начелата на нашата деловна филозофија.

Ние го правиме тоа преку макотрпен процес на внимателна селекција на премиум состојки и производи за деца од одбрани земји и региони низ целиот свет, обединети под брендот BEBELAN®, доставени до Вас, родителите! Нашата заедничка цел е единствена: да може Вие, родителите, да се фокусирате за грижата за тоа, кое што навистина има значење и ја креира смислата на животот - вашето дете!