Чистина од маjката природа
BEBELAN AQUA е кристално чиста, високо квалитетна специјализирана бебешка вода добиена од еколошки чист и строго контролиран извор – Калугерица кој се наоѓа на 1470 метри надморска височина, сместен во Националниот парк Пирин, во Република Бугарија.
Водата е со пријатна мекост и ниска минерализација, што ја прави оптимално соодветна за бебиња и деца под 8 години.
Зошто е важно да биде со ниска минерализација?
- Ниското ниво на натриум и вкупна минерализација досега покажале благотворен ефект за воспаленија на стомачно-цревниот тракт, за здравјето на системот за одделување, за бубрезите и жолчката;
- Високите нива на калиум понекогаш може да предизвикаат хиперактивност кај малите деца;
- Високите нива на флуорид од бебиња и деца по 8 годишна возраст често доведуваат до појава на проблеми со забите – флуороза. Нешто поголема концентрација (6-10мг.б/л) водат до развој на коскена флуороза.
Европските директиви сугерираат дека деца под 7 годишна возраст не треба да пијат вода со повеќе од 120 мг/л вкупна минерализација.
Вкупната минерализација на Bebelan е 72 мг/л која што, практично, е најниската минерализација за природно добиена вода. Содржината на натриум и флуорид во водата Bebelan е со најниско ниво за флаширана вода.Притоа, од исклучителна важност е да не се нарушува балансот на овие минерали и соли, кои се состојат и во детската храна која што се раствора во вода.
Ако нивото на вкупна минерализација е битно, важни ли се нивоата на поодделните минерали во составот на водата и зошто?
- Нивото на минералот Калциум кој е важен за коските, во водата Вebelan е 8,4 мг/л што е повисоко од останатите природни води и, истовремено, доволно е ниско за да не предизвикува проблеми со бубрезите и црниот дроб.
- Магнезиумот со значително повисоко ниво во однос на другите природни и флаширани води, ја регулира работата на стомачно-цревниот тракт и точно од таа причина се препорачува за бебиња кои страдаат од грчеви.
Водата Bebelan е микробиолошки чиста и може да се користи за подготовка на бебешка храна или за разредување на сокови – без да се преварува, до 48 часа по отварањето на шишето.
Показателите за составот на водата ја прават Вebelan уникатно балансирана и соодветна за конзумација, почнувајки од новороденчиња, деца, бремени жени и доилки, па и за сите кои се грижат за физичкиот изглед и диетата или, едноставно, се обидуваат да живеат здраво и да внимаваат што конзумираат.