Гарантирано шваjцарско млеко
Bebelan Alimenta
Високо квалитетна, комплексна и комплетна млечна формула, произведена од HOCHDORF Swiss Nutrition AG во Швајцарија, во една од најмодерните и најсофистицираните фабрики во светот.
Bebelan Alimenta
Целосно и исклучиво направено од свежо швајцарско млеко, секојдневно доставувано од внимателно избрани и строго контролирани швајцарски краварски фарми.
Bebelan Alimenta
Премиум класа млечна формула и ги содржи сите основни состојки, неопходни за обезбедување на здрав раст и развој на детето.
Гарантирано шваjцарско млеко
Горди сме што сме меѓу првите, а по некои клучни параметри – и први на пазарот, во спроведувањето на новата ригорозна европска регулатива и со иновации поврзани со составот на млечните формули за деца – млекото за доенчиња и преодното млеко.
- Со задоволство можеме да Ве известиме дека ние во Bebelan ја имаме првата адаптирана формула на европскиот пазар која целосно го заменува палминовото масло – не со друго масло, туку со млечна маст. За сега, нашата млечна формула е единствена на пазарот во која палминовото масло е заменето со чиста млечна маст!
Bebelan адаптираните млека се создаваат без генетски модифицирани состојки
Bebelan адаптираното млеко е произведено во една од најмодерните и најсофистицираните фабрики во светот – HOCHDORF Swiss Nutrition AG во Швајцарија!
Омега 3 и 6
Масни киселини ALA, LA, DHA и ARA – незаменливи и долговерижни масни киселини за нормален развој на мозокот, видот и нервниот систем.
Dha и Ara
Се долговерижни полинезаситени масни киселини, дел од познатите како Омега 3 и Омега 6 масни киселини. Тие се наоѓаат во мајчинотo млеко, но не се составен дел од кравјото млеко и затоа е неопходно да се додадат кон храната за бебиња и мали деца кои не се доени. Масните киселини се од основно значење за правилниот развој и функционирање на мозокот и видот на децата. Тие добиваат посебна важност во првите три години од животот на човекот, бидејќи тоа е време на интензивен раст на мозокот. Знаете ли, дека мозокот на човекот се состои од околу 50-60% масти, од кои 40% од него е DHA и ARA. Околу 50% од ретината на бебето исто така е DHA. Еве зошто е толку важно овие елементи да се присутни во доволно количество во храната на секое бебе и мало дете.
5 Видови Нуклеотиди
За засилување на имуниот систем и регулирање на метаболизмот.
Нуклеотидите
Се органски молекули кои се неопходни за образувањето, делењето на клетките во човечкиот организам и се наоѓаат во ДНК. Тие се незаменливи, затоа што на телото му треба толку многу енергија за да ги произведе, колку што тоа самото не може да си обезбеди. Еве зошто е навистина неопходно да бидат додадени кон храната на деца, кои што не се доени.
Пребиотици (GOS)
За одржување на балансот на цревната флора и регулирање на стомачно-цревниот тракт.
Пребиотиците (GOS)
Галактоолигосахаридите, се оние незаменливи хранливи фибри, кои што го потхрануваат и го стимулираат растот на „добрите бактерии“ во цревата. Тие помагаат за подобро варење и ги намалуваат случаите на пролив и запек.
Инозитол, холин и таурин
Го потпомагаат развојот на мозокот, умствениот и интелектуалниот развој.
Селен
И други важни хранливи елементи како – Калциум и витамин D, Цинк, Железо, 26 основни витамини и минерали и Протеини со висок квалитет и препорачано количество.
Bebelan Lacta Alimenta 1
Bebelan Lacta Alimenta 2
Почитувани родители, драги соработници, ценети пријатели,
И во време на глобална здравствена криза, напорно и посветено работевме Bebelan млечната формула да ја задржиме на самиот светски врв во индустријата на адаптираното млеко.
Горди сме што сме меѓу првите, а по некои клучни параметри – и први на пазарот, во спроведувањето на новата ригорозна европска регулатива и со иновации поврзани со составот на млечните формули за деца – млекото за доенчиња и преодното млеко.
Новите формули Bebelan Lacta ALIMENTA 1, од400 g. (0 – 6 месеци) и Bebelan Lacta ALIMENTA 2, од 400 g. (6 – 12 месеци), во потполност ја исполнуваат новата интегрирана европска регулатива – Regulation (EU) 2016/127, (http://extwprlegs1.fao.org/docs/pdf/eur151710.pdf), која влезе во сила на 22 февруари, 2020 година.
Првата промена ја следи новата регулатива поврзана со употребата на двојна концентрација на DHA Omega 3 масна киселина. Соодносот помеѓу Omega 3 и Omega 6 (DHA : ARA) кај нас во Bebelan и понатаму останува 1:1 – што практично значи двојно зголемена концентрација и на Omega 6.
Втората промена е употребата исклучиво на лактозата во млечните формули, односно сите формули во адаптираните млечни формули 1 (за новороденчиња од 0 до 6 месеци) и 2 (за деца од 6 до 12 месеци) ќе треба да содржат само лактоза.
Меѓутоа, ние одиме и чекор понапред, со уште една промена, којашто ги следи реакциите на потрошувачите на евопскиот пазар на употребата на палминовото масло во млечните формули! Со задоволство можеме да Ве известиме дека ние во Bebelan ја имаме првата адаптирана формула на европскиот пазар која целосно го заменува палминовото масло – не со друго масло, туку со млечна маст. За сега, нашата млечна формула е единствена на пазарот во која палминовото масло е заменето со чиста млечна маст! И тоа нè прави особено горди!
Со промените, формулите Bebelan Lacta ALIMENTA 1 и 2, како и до сега, ќе бидат произведувани по највисоките производствени стандарди во млечната индустрија – од страна на Hochdorf Nutritec AG во Швајцарија во една од најмодерните фабрики за производство во светот, кадешто исклучиво се користи свежо швајцарско млеко, секојдневно доставувано од внимателно избрани и строго контролирани швајцарски краварски фарми. Годинава, Hochdorf Nutritec AG слави голем јубилеј – 125 години постоење и исто толкав период продукција на швајцарски квалитет. Целото тоа искуство и знаење се содржи во нашата Bebelan млечна формула.
Bebelan се комплетни премиум балансирани млека за доенчиња, произведени исклучиво од швајцарско млеко. Промената во млечната формула на вклучува:
- Употреба на двојни концентрации на Omega 3 масни киселини, а соодносот на Omega 3 и Omega 6 е 1:1
- Содржи исклучиво лактоза (важи за Bebelan Lacta ALIMENTA 1 и 2)
- Прва и, за сега, единствена адаптирана формула на пазарот со промена на составот на мастите – палминовото масло е целосно заменето со млечна маст
- Намалено количество на протеини
- Намалување на енергетската вредност
- Без соев лецитин
- Корегирање во составот на микронутриентите
Bebelan Lacta ALIMENTA 1 и Bebelan Lacta ALIMENTA 2 ги содржат сите неопходни хранливи состојки за оптимален физички и нервно-психички развој на доенчињата, со галакто-олигозахариди (GOS), со зголемена концентрација на DHA, нуклеотиди и други биолошки-активни состојки. *
- Bebelan Lacta ALIMENTA 1– млеко за доенчиња од моментот на раѓањето, коишто имаат потреба од дохрана или не можат да се дојат.
- Bebelan Lacta ALIMENTA 2– последователно млеко за здрави доенчиња после 6-тиот месец, коишто имаат потреба од дохрана или не се на доење, како дел од разнообразната исхрана.
Новина има и во изгледот на пакувањата / лименките за Bebelan Lacta ALIMENTA 1 и Bebelan Lacta ALIMENTA 2. Но, тоа не е само дизајнерска промена, туку има и практична и функционална придобивка. Капачето на пакувањето служи и како “самостоен контејнер” за лажичката, односно, во него има посебни штипки за закачување на лажичката. Целта е да се заштити и да се избегне директен контакт на лажичката со содржината во лименката
На домашниот македонски пазар, Bebelan Lacta ALIMENTA 1 и Bebelan Lacta ALIMENTA 2 се достапни од 01 април, 2020 година.
* Мајчиното млеко е незаменлив и најдобар избор за доенчињата!