ЈАБОЛКО, КАЈСИЈА

И ОВЕСНИ СНЕГУЛКИ

Стерилизирана храна со посебна нутритивна употреба за доенчиња над 5-месечна возраст. Детска храна за доенчиња и мали деца. Соодветна за самостојно хранење или меѓуоброк – десерт, со прекрасен вкус и без дополнително загревање.
Содржи глутен
Содржи млечен протеин
Без консерванси, вештачки бои и ароми

Нутритивни вредности за 100 гр готов прозивод:
Енергетска вредност: 305 kJ / 73 kcal
Јаглехидрати: 17,87 gr (од кои шеќери: 6,79 gr)
Масти: 0,45 gr (од кои заситени 0,11 gr)
Протеини: 1,61 gr
Сол: 0,019 gr
Растителни влакна (фибри): 1,61 gr

Употреба:
Користете за самостојно или меѓухранење (како десерт), без загревање. При отворање на теглата, капачето мора да “пукне”. Промешајте добро пред употреба. Одвојувањето на течноста е природен процес и не е штетно. Неискористеното количество добро затворете го и чувајте го во фрижидер (на температура до 10 C°) максимум 24 часа.

Внимание:
Овој производ содржи глутен и млеко! Не е соодветен за деца со алергии на овие состојки.
Производот да не се користи ако капачето не е вдлабнато во средината и се вдлабнува под притисок.
Да се чува од влага, замрзнување и директна сончева светлина. Чувајте на собна температура.

Состав:
Пире од јаболко 42%, вода, пире од кајсија 17%, шеќер, овесни снегулки 3%, млеко во прав, пченкарно нишесте, антиоксиданс: аскорбинска киселина.