bebelan pureeСамо мама може подобро!

BEBELAN Puree Детски кашички

ОВОШНИ КАШИ

Кашите BEBELAN се стерилизирани овошни каши за доенчиња, произведени од специјално одбрани овошја, обработените на начин кој што во најголем степен ги зачувува корисните витамини и минерали во нив. Тие се идеална храна, надополнувајќи и збогатувајќи ја млечната исхрана, битна компонента на здравата и балансирана исхрана. Овошните каши ги има во неколку разновидни вкусови, со достапна цена.

Овошјето е природен извор на витамини и е важен дел од детската исхрана. Тоа го засилува имунитетот и е значаен извор на бета-каротен од кој се образува витаминот А. Витаминот А е неопходен за развојот на видот и за правилно функционирање на кожата и лигавиците. Сите Бебелан Овошни каши се со додаден Витамин Ц, како битен елемент за поддржување на имунитетот. Овошните каши Бебелан се:
Без глутен
Без конзерванси и вештачки бои
Содржат многу овошје
Погодни за користење во време на прошетки или дома
Многу вкусни, дури и без да се затоплата се затоплат

ГОТОВИ ЗЕЛЕНЧУКОВИ КАШИ

Зеленчуковите каши Бебелан представуваат стерилизирана зеленчукова храна за бебиња во соодветна возраст. Тие ја дополнуваат и ја збогатуваат млечната исхрана на бебето. Ги има во три видови:

Еднокомпонентни каши, во 100 грамски теглички, како идеална права храна за вашето бебе. Исклучително погодна и соодветна за воведување на тврда храна на доенчиња после четвртиот месец.
Комбинирани каши,во 190 грамски теглички, со погуст вкус и арома. Во соодветна количина, тие се наменети за хранење на бебињата после четвртиот и после петтиот месец.
Зеленчукови оброци за деца после осмиот месец, во оптимална порција од 220 грама. Оброците се во поголеми парченца, за да се навикнат децата на џвакање. Вашето дете ќе се наслади на здрави и соодветни мешавини од разновидни зеленчуци (морков, брокула, грашок, карфиол, компир и друго), секој од нив со позитивно дејство врз развојот на бебешкиот организам. На пример: брокулата содржи висок процент на фибри, кои што имаат позитивно дејство врз варењето на храната; Високото количество на протеин во грашокот ја засилува издржливоста и го стимулира дејството без централниот нервен систем.
Дополнително содржи и фибри и витамини B,C,E и фолна киселина. Сите зеленчукови каши се без додадени сол, шеќер и конзерванси.

МЛЕЧНО-ОВОШНИ ЗРНЕСТИ КАШИ

Овошно-зрнестите каши Бебелан се извонредна компонента и здрава храна за Вашето бебе. Без додаден шеќер, со селектирани природни состојки и полнозрнеста хељда, тие се исклучително погодни за самостојно или меѓу хранење (десерт), со прекрасен овошен вкус. Готовите млечни каши се во задоволувачко количество, што Вам и на Вашето дете ќе Ви овозможи доволно време за мирен сон.Овие каши се многу погодни за користење, затоа што имаат перфектен вкус, дури и без затоплување.

Зрнестите каши имаат важен дел при започнување на воведувањето на тврда храна кај бебето. Зрнестите продукти имаат вискока хранлива вредност поради преовладувачката содржина на јаглехидрати, а се богати и со витамини A, B1, B2, B6, E, фолна киселина, фосфор, калиум, калциум, манган и железо. Подготвени со овошје и млеко, тие се исклучително вкусни и лесни за прифаќање од бебето, збогатувајќи ја неговата исхрана.

ДЕСЕРТНИ КАШИ СО МЛЕЧНИ ПРОДУКТИ

Овошните Бебелан десерти се одличен извор на разни витамини, затоа што се подготвени од внимателно одбрани, вискоквалитетни овошја. Десертите се оптимална комбинација од овошно пире и млечни продукти. Тие се многу вкусни и готови за консумација, дури и без дополнително греење.

КАШИ СО МЕСО И ЗЕЛЕНЧУК

Бебелан кашите со месо и зеленчук се извонреден избор за балансирана исхрана на бебиња и мали деца. Вкусните и здрави комбинации од различни меса и соодветни зеленчуци, се произведуваат под многу строга контрола и гаранција за квалитетот на суровините. Сите каши и оброци се без додадена сол. Кашите со месо и зеленчук и оброците заштедуваат време и напори на родителите, без да се прави компромис со квалитетот на храната. Тие се многу погодни за употреби и се со прифатлива цена.

ВКУСНИ ОБРОЦИ СО ПАРЧЕНЦА ЗА ПОРАСНАТИ БЕБИЊА

Бебелан оброците со парченца претставуваат извонредно балансирана и здрава транзиција кон домашната храна. Вашето бебе ќе го засака вкусот на традиционалните зелечкукови јадења, јадења со месо и зеленчук.