slon 3  Зошто доењето е најдобро?

Breastfeeding

Доењето е најздравиот почеток за бебето...
Доењето ја осигурува најдобрата можна комбинација од хранливи состојки од кои има потреба секое дете во вид кој е лесен за прием. Тоа исто така го менува својот состав за време на различните етапи од развојот на детето, со цел да се осигурат најправилните состојки од кои има потреба детето, во соодветното време за оптимален развој и растење.
Како дополнување кон хранливите состојки, мајчиното млеко е богато и со антитела, кои помагаат во борбата со вирусните и бактериските инфекции, осигурувајки добро здравје на бебето, намалувајќи ги инфекциите, а со тоа и посетите кај лекарот.

Ефектите од доењето врз општата здравствена состојба и имуниот систем остануваат со нас за време на детството и го намалуваат ризикот од многу општи заболувања дури и во нашиот понатамошен живот.

Освен со физичкото здравје, доењето е поврзано и со повисок коефициент на интелигенција и со подобар когнитивен развој. Тоа доаѓа како дополнување кон зголемената „поврзаност“ со мајката и чувството на сигурност, која што доаѓа со физичката близина, допирот на кожата и контактот со очите, кои се случуваат за време на доењето.

Исто така е полезно и за мајката....
Доењето помага за востановување на телото на мајката до состојбата пред бременоста. Доењето согорува калории и помага при побрзото губење на тежина после бременоста. Исто така ослободувањето на специфични хормони за време на доењето ја намалува големината на матката до големината на истата пред бременоста.

Исто така постојат и докази за бенефиции за здравјето на мајката и за намалување на ризикот од развој на одредени заболувања.
Не на последно место треба да се разгледа и фактот, дека доењето е БЕСПЛАТНО. Без млечна формула, без шишиња и цуцли, без вриење и стерилизација – тоа означува време и заштедени пари за целото семејство.

Што кажуваат експертите...
СЗО (Светската Здравствена Организација) препорача исклучително доење до навршување на 6 месеци.
Како европската така и северно американската Асоцијација за педијатриска гастроентерологија, хепатологија и исхрана (ESPGHAN и NASPGHAN) посочуваат, дека посакуваната цел е исклучително доење во тек на 6 месеци, а исто така и дека дополнителната храна (тврда храна и течности, поразлични од подој или млеко за доенчиња или преодно млеко) не треба да се даваат пред 17. недела и не покасно од 26. недела. Освен тоа се препорачува доењето да продолжи се до 12-месечна возраст, па и потоа, онолку колку што сакаат мајката и детето.

Доењето и ти...
Ова е една од темите за која што секој има свој став. Важно е да се информирате за големите бенефиции од доењето за бебето и за Вас, пред донесување на решение, поврзано со начинот кој што ќе го изберете за да го храните Вашето бебе. Исто така е важно да се консултирате со Вашиот лекар за сите прашања или стравови кои би можеле да ги имате.

И покрај тоа што некои мајки се судираат со некои потешкотии при доењето, обично истите можат да бидат надминати со поддршка и поттикнување од страна на здравствените специјалисти, семејни и општествени организации. Многу мајки исто така можат да продолжат да дојат дури и ако решат да се вратат на работа.

Иако исклучителното доење е идеална варијанта, секое количество од мајчиното млеко е полезно за бебето и мајката. Ако мајката го одмолзува и го чува млекото, многу е важно да се следат правилните процедури, за да се гарантира безопасноста и хигиената на храната.

Ако поради некоја причина не можете, не доите или повеќе немате намера да доите, ве молиме, не заборавајте да се консултирате со Вашиот педијатар, пред да ја изберете соодветната млечна формула. Исто така ви советуваме да ја прочитате нашата статија: „Што да барам при изборот на млечна формула“, за да ви помогне при изборот.

Доколку сакате да научите повеќе за доењето или ако имате некакви прашања во однос на исхраната на Вашето бебе, немојте да се колебате да ни испратите прашање, со кликнување овде, или едноставно поставете ги Вашите прашања во рубриката „Прашајте ја Јани“ – нашиот специјалист диетолог.