Elephant 3 small Ветување за швајцарски квалитет

GUARANTEE - Made with Swiss Milk logo 3Сите формули на BEBELAN LACTA се Премиум класа и ги содржат сите основни состојки неопходни за осигурување на здрав раст и развој, како што се Пребиотици, Омега 3 и Омега 6 долговоерижни полинезаситени масни киселини, (LCPUFAs) и нуклеотиди.

BEBELAN LACTA произведено од Hochdorf Nutritec AG во Швајцарија во едни од најмодерните фабрики за производство во светот, каде што исклучиво се користи свежо швајцарско млеко, секојдневно доставувано од внимателно избрани и строго контролирани швајцарски фарми за крави.

 HOCHDORF

Од 1908 година, па се до денес, групата Hochdorf има над 100 годишно искуство во производството на бебешка храна на млечна основа.

Денес Hochdorf Nutritec AG преработува над 10% од вкупното добиено млеко во Швајцарија и е единствен производител во Швајцарија што ја произведува целата палета на млеко за доенчиња, на преодни млека, на млека за мали деца, како и специјализирани формули. Производите на Hochdorf Nutritec AG можат да се најдат во над 50 држави на четири континенти.

Како дел од строгите системи за контрола на квалитетот на Hochdorf,  BEBELAN LACTA поминува над 50 проверки на квалитетот - од фармата, до малопродажните полици - а нивен основен елемент е уникатниот Single Can Security (SCS), систем кој што обезбедува индивидуална строга проверка на секое поединечно пакување!

 

Во исполнувањето на ветувањето за врвен швајцарски кавалитет и, како дополнување кон проверките и контролата воведени од страна на Hochdorf Nutritec AG, фармите со кои што тие соработуваат, исто така задолжително се проверуваат 12 пати годишно од страна на специјализирани инспектори, кои строго го проверуваат квалитетот на млекото, преку серија сетивни и микробиолошки тестови за загадувачи.

Swiss milk
Swiss cows

Друг интересен факт за Швајцарија е дека оваа алпска држава се гордее со најчистата околина според истражувањето на EPI (Environmental Performance Index – http://epi.yale.edu ), кое што се спроведува секоја година, кое што се објавува од Универзитетот Јеил, во САД. Според истражувањата, Швајцарија е на првото место по показатели за чистина на околината за последните 13 години без исклучок, од самото постоење на истражувањето EPI.

Строгата контрола и здравата околина и помогнаа на швајцарската крава да добие статус на најздрава крава во светот, која никогаш во историјата не боледувала од некои од глобалните масовни животински епидемии како што се „Луда крава“, Шап, Полихрориранибифенили, Диоксин и слично.